Утрински Весник
Македонија

Пронајдено тело на почината жена на брегот на Вардар

На брегот на реката Вардар во селото Зелениково, Скопско, вчера е пронајдено тело на жена.

Според информациите од МВР, се работи за 71-годишната Г.Н. од струмичкото село Банско.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ