Утрински Весник
Македонија

Пронајдени насади канабис, четворица приведени во гевгелиско

Пронајдени насади канабис, четворица приведени во гевгелиско

Полицијата откри насади со марихуана во гевгелиско и приведе четири лица.

Според информациите на МВР, вчера на местото викано Жабјак во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници ги привеле Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија.

При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки