Утрински Весник
Свет

Пронајдена е една црна кутија од Боинг 737 кој се урна во Кина

Пронајдена е една црна кутија од Боинг 737 кој се урна во Кина

Една од двете црни кутии на кинескиот авион што се урна во понеделникот е пронајдена во тешко оштетена состојба, соопштија истражителите.

Снимачот е толку оштетен што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина, пишува Sky News.

Да потсетиме, Боингот 737-800 со 132 патници и членови на екипажот патувал од Кинминг кон Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси.

Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.

Можете да прочитате

Најнови анкети во САД: Демократите имаат предност од речиси девет поени

ИЕА: Европа се соочува со недостиг на гас

Русите нападнаа болница во Харков, најмалку 46 повредени, 200 пациенти евакуирани