Утрински Весник
Македонија

Пронајдена автоматска пушка во Скопје, приведени три лица

Пронајдена автоматска пушка во Скопје, приведени три лица

Полицијата по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, изврши претрес на домот на Џ.Љ. (63).

При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 мм..

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полоициските службеници. Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ОКГ е тројански коњ, а Мицкоски проруски играч

Песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2

Ивана имаше модринки по телото, а за деталите за тепањето дознав од внуката Катја, сведочеше мајката на Ивана