Утрински Весник
Култура

Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска

Dik 300x250 mk

Вечерва со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.

Симона Јованоска е родена во Гостивар, завршила средно Економско училиште во родниот град, а потоа и Економски факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Својата прва дебитантска книга ја објавува во 2015 година под наслов „Ги најдов во длабокото“. „Денот на црвот“ е нејзин прв роман, но и како првенче во конкуренција од 39 книжевни остварувања е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Со чудата треба да се внимава“- „Во вторник на промоцијата ние ќе внимаваме, „чудата“ се околу нас, во фоајето, помеѓу кориците на романот но и помеѓу читателите. Автентични ликови, широк спектар од компарации овозможуваат читателска сладост и желба за сопствена но и општествена слобода, ослододување од личните и колективните стеги“, посочува организаторот.

Проектот, како што се појаснува е подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Текстот Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“