Утрински Весник
Економија

Промовирана нова мобилна апликација за заштита на правата на потрошувачите

Промовирана нова мобилна апликација за заштита на правата на потрошувачите

Институтот за стратешки истражувања и едукација ја промовираше новата мобилната апликација за заштита на правата на потрошувачите – Potroscuvaci MK која е достапна на македонски и албански јазик.

Претставникот на Институтот, Дарко Спасевски, ја нагласи потребата од континуирано градење на капацитетите и обуката на човечките ресурси како и поголемото учество на граѓанскиот сектор во телата на овие институции.

Христина Конеска-Бероска, претставник на Секретаријатот за европски прашања ја истакна важноста на заштитата на потрошувачите во претпристапните преговори со ЕУ.

На настанот се обрати и претставничката на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ Шерифе Исмаили-Касапи која кажа дека заштитата на правата во Европската Унија се врши преку заштита на нивните економски интереси, како и со постојано едуцирање на граѓаните. Таа исто така нагласи и дека преку хармонизација на нашето законодавство со она на Европската Унија ќе се доближиме до ЕУ стандардите за заштита на потрошувачите.

Покрај мобилната апликација, беа промовирани и Извештајот од мониторингот на седум клучни институции за правата на потрошувачите како и други резултати од проектот „Чувар на правдата за потрошувачите“, пет водичи за правата на потрошувачите, новата веб страница www.zastitanapotrosuvaci.mk и други анализи и препораки за унапредување на политиките за заштита на потрошувачите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат