Утрински Весник
Македонија
Img 7972

„Промислување на пандемиите“ – симпозиум на Светскиот ден на филозофијата

„Промислување на пандемиите“ – симпозиум на Светскиот ден на филозофијата
300x250 opst2

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава 17. пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, утврден од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од ноември и се слави во целиот свет, со фокус на вредноста и придобивките на филозофијата.

Годинава, стожерен дел на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Промислување на пандемиите“, во кој во три блок-сесии во четиринаесет (14) излагања ќе земат учество шеснаесет (16) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство (редоследно): проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, м-р Филип Трајковски, проф. Љубомир Гајдов, д-р Мартин Поповски, емеритус проф. сци д-р Самуел Садикарио, проф. Иван Бабановски, проф. Росано Чолаков, доц. д-р Лидија Ковачева, сци д-р Радмила Трајкова, проф. Даниела Николова, проф. д-р Марија Тодоровска, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Бошко Караџов, проф. Владимир Ѓуровиќ и докторанд Игор Поп Трајков.

Симпозиумот „Промислување на пандемиите“ претставува прв систематски промислен облик во нашата земја, во поширок (филозофски и мултидисциплинарен) контекст да се проговори и дискутира за темата пандемија.

Настанот ќе се одржи на 19 ноември (четврток) преку дигиталната платформа „Зум“, со почеток во 10 часот. Заинтересираните за следење на симпозиумот ќе може тоа да го сторат преку следниот линк: https://zoom.us/j/93381230075. Публиката ќе може да се вклучи со прашања до учесниците (во пишана форма во прозорецот Q&A на „Зум“). Текот на симпозиумот исто така ќе може да се следи во живо (како live streaming), на фејсбук-страницата на ФДМ и на Филозофски факултет – Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја