Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Утре (сабота) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филиповска Тодорчевска: На Скопје му недостига долгорочна визија за развој

Филиповска Тодорчевска: Кај „Треска“ се планираат околу 6.000 жители на само три хектари

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам