Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време, наместа со локален пороен дожд и грмежи

Времето дене ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен, информираат од УХМР.

Од понеделник следува период на стабилно време. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе допринесе намалување на температурата на воздухот.

Можете да прочитате

СДСМ: Медиумски октопод Алфа – Алта против СДСМ

Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење