Францускиот институт во Скопје организира проекцијата на филмот „Старателство“, во вторник, 8 март, во 20 часот, во Кинотека.
Филмот е со ангажирана тематика и се прикажува по повод Меѓународниот ден на женските права, а воедно е и прв настан од серијата активности во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.
„Старателство“ е филм на на Гзавие Легран, од 2017, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги.
Филмот ја обработува темата за децата како жртви при бракоразводна постапка на родителите, но и за насилството во рамките на семејството.
Добитник е на бројни награди, меѓу кои и 4 награди Цезар: најдобар филм, најдобра женска улога, најдобро сценарио и најдобра филмска монтажа.
Филмот е со превод на македонски јазик, а резервации на билети се прават во Кинотеката.
Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.
Текстот Проекција на францускиот филм „Старателство“ по повод 8 Март е превземен од МАКФАКС.