Утрински Весник
Магазин

Продуцентската компанија на Рис Витерспун продадена за 900 милиони долари

Продуцентската компанија на Рис Витерспун продадена за 900 милиони долари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Продуцентската компанија Hello Sunshine, чиј сопственик е актерката Рис Витерспун, го проширува својот опсег. Ентитетот, основан од Витерспун во 2016 година, е продаден на медиумска фирма зад која стои групацијата со приватен капитал „Блекстоун груп“, објави „Волстрит журнал“.

„Хелоу саншајн“, наводно, е проценета на 900 милиони долари, изјавија за весникот луѓе запознаени со аквизицијта.

Компанијата, која веќе создаде филмска и ТВ-продуцентска куќа, своја VOD-мрежа (вклучувајќи го и првото ток-шоу на Витерспун, Shine on with Reese) се фокусира на приказни од и за жени.

„Хелоу саншајн“ продуцираше филмови како што се Gone Girl and Wild како и ТВ-емисии, вклучувајќи ја и драмата „Големи мали лаги“ на „HБO“, серијата „Утринско шоу“ на „Епл плус“ и други.

„Ќе ја удвојам мисијата да ангажирам повеќе жени создавачи од сите сфери на животот и да ги прикажам нивните искуства “, изјави Витерспун.

„Денес правиме голем чекор напред со Blackstone што ќе ни овозможи да раскажеме уште позабавни, повлијателни приказни за жените на глобално ниво.“

„Ова е значаен потфат во светски рамки бидејќи навистина покажува дека женските приказни се важни.“

Можете да прочитате

Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

Најголемото „капучино“ со јадливо злато се служи со 10 слатки топчиња

Туширање во мрак: едноставна вечерна рутина за целосна релаксација