Утрински Весник
Македонија

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките

И денеска продолжува штрајкот на вработените во градинките и основните и средните училишта.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков во текот на вчерашниот ден обвини за притисоци за прекин на штрајкот во неколку градинки и најави дека ќе поднесат и кривични пријави на местата каде што се вршеле притисоци.

Неделков се надева дека денеска ќе седнат на маса со надлежните и ќе најдат заедничко решение.

Министерството за труд и социјална политика вчера соопшти дека од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, штрајк има во 54, а во 21 не.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го поддржува синдикалното право на штрајк, но рече дека тоа треба да биде последниот чекор.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале