Утрински Весник
Македонија

Продолжува минималниот пад на каматните стапки на кредитите

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити
300x250 (7)

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процетни поени (п.п) и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98 отсто од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 п.п.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи раст од 0,22 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,21 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележано минимално месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 0,77 отсто. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,42 п.п.

Img 5587

„Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври оствари месечно намалување од 0,03 п.п. и изнесува 3,77 отсто. Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,50 п.п“, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека во однос на претходниот месец каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во октомври забележа пад од 0,02 п.п. и изнесува 5,51 отсто.

„Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута бележат раст (од 0,03 п.п.). Оваа каматна стапка оствари намалување од 0,27 п.п. споредено со октомври претходната година“, информираат од Народната банка.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 0,95 отсто.

„Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула не бележат промена. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,30 п.п.“, соопшти Народната банка.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Европски фронт: Граѓаните како што сакаат да го искористат правото на глас на претседателските избори