Утрински Весник
Македонија

Продолжуваат преговорите за платите во образованието

Денеска продолжуваат преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници, откако во средата не беше постигнат напредок.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.

Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.

Можете да прочитате

Малолетник возел мопед во спротивна насока во Велес и избегал од полициска патрола

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

ЛДП: Срамен, скандалозен и без ронка емпатија настап на министерката за образование пред првачињата