Утрински Весник
Автомобили

Продолжи производството на БМВ мотоцикли

Продолжи производството на БМВ мотоцикли

Минхен, 4 мај 2020 (МИА) – Германскиот производител на автомобили „БМВ“ денес продолжува со производство на мотоцикли во својата фабрика во Шпандау, пренесе Берлинер Цајтунг.

Повеќе од 2.000 вработени се вратија на своите работни места под засилени мерки на безбедност во единствената фабрика за мотоцикли во Германија, каде производството беше стопирано на 18 март.

Во производните капацитети се инсталираат бариери, ограничен е пристапот до местата за одмор, има налепници насекаде, повикувајќи на метар и половина оддалеченост меѓу вработените. На работниците им се советува да носат маски, а во некои случаи задолжително да ги менуваат најмалку четири пати на ден. За да ги обезбеди маските потребни за работниците, компанијата започна со производство во друга фабрика, со капацитет од 300.000 единици на ден.

Денес, три од петте производни линии во фабриката се повторно отворени, а другите се очекува да бидат во функција во рок од две недели. Сепак, не е познато кога ќе се врати целиот производствен капацитет.
Фабриката обично произведува 4.000 мотоцикли неделно. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin