Утрински Весник
Свет

Прогонот не е единствената опасност за Авганистанците

Прогонот не е единствената опасност за Авганистанците
Dik 300x250 mk

Иако сегашниот приоритет е евакуација на ранливите групи, заканата од глад за милиони Авганистанци е уште еден голем предизвик за земјата.

Гладот ​​се заканува со комбинација на конфликт, суша и пандемија на коронавирус, предупреди шефот на Светската програма за храна (СПП) и ги повика политичките лидери да дејствуваат итно.

„ Доаѓа најголемата бура поради долгогодишната суша, конфликти, економски колапс, влошени од ковидот“, изјави Дејвид Бесли за „Ројтерс“ во Доха.

„ Бројот на луѓе кои се изложени на ризик од глад сега се искачи на 14 милиони“, додаде тој.

Во меѓувреме, западните земји брзаат да ја завршат евакуацијата на илјадници луѓе од Авганистан, бидејќи се приближува рокот за повлекување на сите странски војници, и нема индикации дека талибанците би можеле да дозволат тој рок да се продолжи.

Во досега најголемата воздушна транспортна операција, САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 80.000 луѓе, вклучувајќи ги и нивните граѓани, персонал на НАТО и загрозени Авганистанци од 14 август, ден пред влегувањето на талибанците во Кабул.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон