Утрински Весник
Македонија

Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси

Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – За време на карантинскиот викенд ЈСП „Скопје“ го пушти на пробно возење новите еко автобуси, а воедно во тек е и обуката на возачите.

Како што соопштија од Град Скопје со пробното возење на новите автобуси, кои наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, до недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Без силен придонес од високото образование, не може да се решат главните предизвици на современите општества

Силјановска Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи” на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи