Утрински Весник
Спорт

Проблем за Њукасл, Трипие има фрактура на ногата

Проблем за Њукасл, Трипие има фрактура на ногата

Киран Трипие поради повреда ќе отсуствува од тимот на Њукасл. Англискиот репрезентативец на натпреварот Њукасл-Астон Вила (1:0), ја скршил ногата. Сериозноста на поредата била откриена по дополнителните лекарски прегледи.

Њукасл со голот на Трипие ја победија Астон Вила. Десниот бек, теренот го напушти во 48.минута. На никој од Њукасл не му е јасно како дошло до повредата.

Трипие во зимскиот преоден рок, за сума од 15.000.000 евра, од Атлетико се пресели во Њукасл. Голот против Астон Вила е втор за него во дресот на новиот клуб, претходно постигна гол и во минатото коло против Евертон.

> Проблем за Њукасл, Трипие има фрактура на ногата <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон