Утрински Весник
Спорт

Проблем за Тотетнхем – Кејн се повреди пред клучниот дел од сезоната

Проблем за Тотетнхем – Кејн се повреди пред клучниот дел од сезоната
Ss2

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и селекторот на Англија, Герет Саутгејт, сериозно ги загрижи повредата на Хари Кејн. Најдобриот англиски напаѓач, побара замена во финишот на натпреварот со Евертон (2:2). Кејн ги постигна двата гола за Тотенхем на „Гудисон парк“.

Тотенхем, се уште не се огласиле во врска со повредата. Медиумите во Англија шпекулираат дека се работи за повреда на зглобот.

300x250 (7)

„Загрижен сум што Кејн побара измена. Кога тој бара имена значи дека има проблем…Сите сме згрижени дека повредата може да го спречи да не игра против Саутемптон во среда и особено во недела, во финалето на ФА купот, против Манчестер сити. Ќе видиме“, рекол Мурињо.

Хари Кејн, низ кариерата, има големи проблеми со скочниот зглоб. Во сезоната 2018/2019 два пати го повреди зглобот на левата нога. Претходната сезона, еден месец не играше поради повреда на зглобот на десната нога.

Во сезоната 2016/2017, поради зглобот паузираше два и пол месеци.

> Проблем за Тотетнхем – Кејн се повреди пред клучниот дел од сезоната <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер