Утрински Весник
Сцена

„Пријатели“ повторно заедно по 15 години

„Пријатели“ повторно заедно по 15 години
Ss2

Лондон, 22 февруари 2020 (/) – Актерите од популарната серија „Пријатели“ повторно ќе се соберат по 15 години за да снимаат специјална епизода.

Епизодата во која повторно ќе глумат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, ќе се емитува на стриминг сервисот НВО Макс, кој ќе почне во мај.

300x250 (7)

За учество во специјалната епизода секој актер, како што се очекува, ќе добие по 2,5 милиони долари.

– Се случува, напиша Пери на Инстаграм заедно со фотографија од актерската постава во 90-те години, а потоа објавата ја споделиле и останатите актери.

Серијата „Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година. Последната епизода ја гледале 52,5 милиони гледачи во САД и таа била најгледаната телевизиска епизода во првата деценија од 21. век. гт/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка