Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојник кој со закана со пиштол ограбил казино во Богданци

Србин брутално ликвидиран во Еквадор

Гевгелиското основно јавно обвинителство поведе постапка против жител на селото Стојаково за кривично дело – разбојништво.

На 28 јануари, осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци.

Вперувајќи пиштол, се заканил по животот на касиерката во казиното и ѝ кажал да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителот во овој случај и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола