Утрински Весник
Македонија

Притвор за жената од Тетово која со чекан го уби невенчаниот сопруг додека спиел

Притвор за жената од Тетово која со чекан го уби невенчаниот сопруг додека спиел

Судот ѝ определи 30-дневен притвор на 39-годишната жена од Мала Речица која со чекан го уби невенчаниот сопруг, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.

Убиството се случи вчера околу 11 часот. Според соопштението од Обвинителството, осомничената во подрумските простории на подмолен начин го убила нејзин вонбрачен сопруг.

По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на мажот додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди тој починал на самото место.

Осомничената, пак, сама се пријавила во полициска станица.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола