Утрински Весник
Свет

Принц Вилијам: Ние не сме расистичко семејство

Принц Вилијам: Ние не сме расистичко семејство

По интервјуто со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во кое тие го обвинија кралското семејство дека лаже, дека не им обезбедиле заштита и дека се прашувале каква ќе биде бојата на кожата на нивното дете, се огласи и принцот Вилијам.

Британското кралско семејство не е расистичко, изјави британскиот принц Вилијам, додавајќи дека тој сè уште не разговарал со неговиот помлад брат, принцот Хари.

„Сè уште не сум разговарал со него, но ќе разговарам“, рече принцот Вилијам на настан во источен Лондон, нешто повеќе од три дена откако принцот Хари и Меган Маркл и дадоа интервју на Опра Винфри, во кое тие го обвинија кралското семејство за расизам, пренесува „Ројтерс“.

На прашањето дали кралското семејство е расистичко, принцот Вилијам одговори одречно. „Ние не сме расистичко семејство“, рече Вилијам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кац: Продолжуваме со операциите во јужен Либан и покрај примирјето

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Иран тврди дека нема напредок, Трамп вели дека преговорите одат „многу добро“