Утрински Весник
Спорт

Примопредавањето на олимпискиот факел во Атина без присуство на деца

Примопредавањето на олимпискиот факел во Атина без присуство на деца

Токио, 6 март 2020 (МИА) – Свеченото испраќање на олимпискиот факел во Атина на 19 март ќе биде без присуство на деца поради епидемијата од коронавирус, како и свечениот дочек во Токио на 20 март, објави претседателот на организацискиот одбор на Игрите, Јоширо Мори.

Истговремено нагласи дека олимписката инфраструктура во Токио е подготвена и покрај дилемите дали настанот можеби ќе биде одложен поради ширењето на новиот коронавирус.

Последниот објект што требаше да заврши во февруари беше центарот за спортови во вода и рокот за негова изградба е испочитуван. Има капацитет за 15.000 гледачи и чинеше 523 милиони долари. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити