Утрински Весник
Македонија

Прилеп со два нови случаи на заразени, шест лица излекувани од Ковид-19

Во Прилеп четири кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Прилеп, 19 мај 2020 (МИА) – По вчерашниот ден без новозаболени, денеска во Прилеп се регистрирани два нови случаи на коронавирусот. Има дури шест случаи на оздравени лица. Со ова, во моментов во Прилеп активни се 59, од кои 39 се лекуваат во домашни услови а 20 лица се на болничко лекување.

На инфективното одделение во прилепската болница се 19 лица, од кои 16 се позитивни на коронавирусот. Во одделот за изолација се тројца пациенти, од кои двајца се негативни на Ковид-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се 158 лица.

Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.ем/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот