Утрински Весник
Македонија

Прилепските ресторани и кафулиња ослободени од комунална такса во вонредната ситуација

Прилепските ресторани и кафулиња ослободени од комунална такса во вонредната ситуација

Прилеп, 16 јуни 2020 (МИА) – Прилепските советници ги ослободија угостителите од плаќање комунална такса за просторот пред објектот за време на вонредната ситуација.

Оваа една од одлуките на советниците на денешната седница на општинскиот совет.

Конкретно со одлуката, сопствениците на угостителските објекти, рестораните, кафетериите, обложувалниците, ќе бидат ослободени од плаќање комунална такса во вкупна висина од околу 3.3 милиони денари.

На денешната седница, прилепчани се ослободени од плаќање по 200 денари за одобрение за погреб. Имено, советниците ја изменија одлуката на Управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец“ од 2014 година и сега нема да ја врши наплатата на тие 200 денари за издавање одобрение за погреб.

Прилепските советници одобрија јавната установа на градинките „Наша иднина“ да добие на трајно користење седум пречистувачи на воздух на кои преку Општината ги донираше Владата.

На денешната 44 седница меѓу другото, советниците се согласија за проширување на средствата на општинскиот буџет. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски