Утрински Весник
Македонија

Привремен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Градежни работи на патот Галичник – Маврово

Од Автомотосојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има само во југозападниот дел од земјата. Поради појава на магла, видливоста во Крушево е намалена на 30 – 50 метри.

Поради изведување на градежни активности, односно минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, денеска на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани, ќе има привремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице