Утрински Весник
Македонија

Приведен џепчија во Скопје, украл паричник од чанта на жена додека се качувала во автобус

Приведен џепчија во Скопје, украл паричник од чанта на жена додека се качувала во автобус

Скопјанец искористил гужва при влегување во автобус и од чантата на една жена украл паричник со пари и документи. Инцидентот се случил на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“.

Тој бил фатен на ул.„Стале Попов“ во Скопје. Според информациите, се работи за С.С. (54) од Скопје.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети кои биле вратени на сопственичката. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот