Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

(Видео) Ковачки: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Владата на Ковачевски тајно преговара со Бугарија и администрацијата на Кирил Петков. Процесот е целосно нетранспарентен, и за исходот од преговарањето не е информирана ниту опозицијата, ниту Собранието. Политичките чинители, пратениците, стручната јавност и граѓаните на Република Македонија за текот на преговорите се информираат од изјавите на бугарските политичари во медиумите, а не од Ковачевски или Османи, кои се должни да реферираат и во Собранието и пред граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки ппбара од Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Дали радоста во Бугарија е исполнување на сите бугарски барања и бришење на историјата, јазикот и идентитетот?

Дополнително, Ковачки го повика Бујар Османи да дојде во Собранието и да ги информира пратениците за текот на преговорите, како и за тоа кои се следните чекори.

Владата не смее да излезе надвор од црвените линии, изјави Ковачки.

Можете да прочитате

Променливо облачно и свежо: Денеска до 14 степени, на истокот можен слаб дожд

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени