Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Кисела Вода вчера привеле 46-годишен скопјанец во с.Ајватовци, скопско.

За него била распишана централна потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва