Утрински Весник
Македонија

Приведен прилепчанец за издржување затворска казна, кај него била пронајдена и дрога

Приведен прилепчанец за издржување затворска казна, кај него била пронајдена и дрога

Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од слобода С.Ј.(31) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени е една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки, а покрај тоа, бил баран по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје.

Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело казниво по Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Муцунски на средба со извршната потпретседателка на Европската комисија Роксана Минзату

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните