Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Пакистан

Синоќа во 18.00 часот на патот Гевгелија – с.Богородица, на место викано „Поново мовче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода С.А.(47) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

На местото било забележано како во неговото возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, влегуваат четири лица.

При обид да биде извршена контрола на возилото, три од лицата се дале во бегство, нo набргу биле фатени, при што било констатирано дека се од Пакистан, како и лицето што било пронајдено во возилото.

С.А. бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи