Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец од Батинци баран за издржување две и пол години затвор

Приведен криминалец од Батинци баран за издржување две и пол години затвор

Полициски службеници од полициската станица Центар вчера претпладне го привеле С.А. (46) од селото Батинци, кој бил баран со потерница од Основниот кривичен суд Скопје.

Како што информираат од МВР, тој се барал за сторено кривично дело тешка кражба (член 236 од КЗ), односно за издржување на затворска казна од две и пол години.

Лицето било предадено во затворот „Идризово“.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто во Виена

Македонија заслужува членство во ЕУ, смета Николоски

Двајца крадци опљачкале објект за брзи кредити