Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Кумановско, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Вчера, во 23:50 часот, на ул. 11 Октомври во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И.(33) од село Слупчане, општина Липково.

Тој се сомничи дека претходно, на плоштадот Нова Југославија, со употреба на сила и подесен алат одзел мотоцикл.

Одземениот мотоцикл бил пронајден кај него, а В.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција