Утрински Весник
Македонија

Приведен жител од с.Блаце, кај него било пронајдено оружје

Приведен жител од с.Блаце, кај него било пронајдено оружје

Вчера во 23.15 часот кај бензинска станица во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Н.(22) од с.Блаце, скопско.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал, бил пронајден пиштол „М57“ со една рамка со пет куршуми калибар 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч

ОЈО: Професорка од Кочани примила пари во канцеларијата и му впишала шестка на студентот

Реконструкција на Владата и потрагата по нова опозиција, дали Македонија влегува во нова политичка фаза?