Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога од кичевско

Синоќа околу 22.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Г.Д.(43) од кичевското село Гарани.

dobivaj vesti na viber

При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот автомобил „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле седум ќеси со бела прашкаста материја.

Додека, при претрес извршен во неговиот дом, биле пронајдени и одземени куршум калибар 7,62 милиметри, 42 банкноти од различни валути и апоени, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола