Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога во тетовско

Приведен дилер на дрога во тетовско

Полицијата приведе дилер на дрога во тетовското село Доброште. Во неговиот дом биле пронајдени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.

Според информациите на МВР, вчеравечер бил приведен 69-годишниот Ќ.Е. од тетовско Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири