Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога во Тетово

Приведен дилер на дрога во Тетово

Полицијата приведе дваесет и шестгодишен дилер на дрога во Тетово.

Рано утрово уапсен е Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При претрес во неговиот дом на ул. Ленин, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Д.М. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.

Можете да прочитате

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство – едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота

Министерот Серафимовски тврди дека е постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка