Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога во Тетово

Приведен дилер на дрога во Тетово

Полицијата приведе дваесет и шестгодишен дилер на дрога во Тетово.

Рано утрово уапсен е Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При претрес во неговиот дом на ул. Ленин, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Д.М. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.

Можете да прочитате

НАРБМ ќе го одбележи Денот на ретки болести

Утрово најстудено во Берово – 6, максималната дневна температура до 16 степени

Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната