Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 18 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и помошни простории во Тетово, пронајдена му се три ќесиња со марихуана, дигитална вага и 43 зипер кесички.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Можете да прочитате

Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген: Превенцијата и дигиталното здравство се меѓу македонските приоритети

Митева: Владата формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот