Утрински Весник
Македонија

Приведено 24-годишно момче кое со „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш

Приведено 24-годишно момче кое со „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш

Полицијата го приведе момчето кое со „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш и објави видео на „Тик-Ток“.

Според информациите на МВР, полициски службеници денеска во 15 часот го привеле Т.К.(24) од Радовиш, кој со автомобил „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш и го објави видеото на социјалните мрежи.

„Т.К. на 30 декември околу 22 часот на ул. „22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопшти МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница