Утрински Весник
Македонија

Приведено лице осомничено за закана преку „фејсбук“ за поставени бомби на комбиња и автобуси

Приведено лице осомничено за закана преку „фејсбук“ за поставени бомби на комбиња и автобуси

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот  В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи, соопшти денеска МВР.

Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ.(43) од ресенското село Болно, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека  

Апсење на „Јадранска Магистрала“: Полицијата заплени голема количина производи без документација