Утрински Весник
Македонија

Кавадарци реализира проект за реконструкција на фонтани и изградба на нови

Кавадарци реализира проект за реконструкција на фонтани и изградба на нови

Кавадарци, 29 јуни 2020 (МИА) – Во Кавадарци почна реализација на проектот за реконструкција на фонтани. Од Локалната самоуправа информираат дека се реконструира фонтаната во „Паркот на револуцијата“, а истовремено се врши и реконструкција на фонтаната во „Градски парк“.

Зафатот опфаќа и изградба на уште една нова фонтана која ќе биде лоцирана на новиот кружен тек, на булевар „Никола Минчев“.

Овој проект се очекува да биде целосно реализиран во месец јули и е со финансиска вредност од 2 858 000 денари. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија