Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од тетовско, крадело дрва од шума во приватна сопственост

Приведено лице од тетовско, крадело дрва од шума во приватна сопственост

Вчера околу 10.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот Ќ.З. од тетовско Рогле, поради сомнение дека во атарот на ова село, во месноста „Ареонит“, извршил кражба на дрва во шума во приватна сопственост.

При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени моторна пила, исечени дрва и други алатки, кои биле предадени на Шумска полиција.

Се расчистува случајот и по целосно документирање на Ќ.З. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Со буџет од 4,4 милијарди евра, Македонија влегува во најголемата здравствена програма на ЕУ

Се финализираат измените на Изборниот законик

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор