Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

Денеска околу 12.00 часот во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле лицето Б.З.(33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицеот Б.З. денеска ќе биде спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информираат од министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров”, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Во Собранието опозициски пратенички прашања