Утрински Весник
Македонија

Приведени четири лица, расчистено насилство

Приведени четири лица, расчистено насилство

Полицијата ги лиши од слобода лицата кои се сомничат дека физички нападнале вработен на бензиска станица во скопски Ченто.

Според полициски информации вчера полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода лицата А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од с.Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Син ја претепал сопствената мајка

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 

Лице од Струмичко уапсено поради марихуана