Утрински Весник
Македонија

Приведени четири лица за кражбата во уметничката галерија во Штип

Приведени четири лица за кражбата во уметничката галерија во Штип

Четири лица од Штип и од Струмица се приведени поради тешка кражба во  Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

„Лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија“, велат од МВР.

Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип.

По комплетно документирање на случајот против нив до Обвинителството ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!