Утрински Весник
Македонија

Приведени лихвари од Штип, давале заем со високи камати на лица од социјално загрозени семејства

Приведени лихвари од Штип, давале заем со високи камати на лица од социјално загрозени семејства
Dik 300x250 mk

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип вчера ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре