Утрински Весник
Свет

Карл Нехамер нов канцелар на Австрија

Карл Нехамер нов канцелар на Австрија
Img 5587

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер ја презема функцијата лидер на Народната партија (ОВП) и канцелар на Австрија.

Нехамер многу добро ја познава ОВП, бидејќи беше генерален секретар на партијата, а омилен е и меѓу сопартијците. Во прилог на тоа говори и фактот што коалицискиот партнер зелените и гувернерите на провинциите од редот на народот го прифатија назначувањето на Нехамер.

300x250 (7)

Вицеканцеларот и лидер на Зелените, Вернер Когле, дури се пофали дека има добра соработка со Нехамер.

Нехамер беше кандидатот кој го бараа „сивите еминенции“ во ОВП, особено гувернерката на покраината Долна Австрија, Јохана Микл Лајтнер.

Во новата рокада функцијата министерка за внатрешни работи би можела да ја преземе Каролин Едштадлер, која досега беше министерка без ресор задолжена за ЕУ ​​и уставни прашања.

Саленберг би можел да се врати на позицијата шеф на дипломатијата, а актуелниот министер за надворешни работи Мајкл Линхарт би можел да биде министер за европски прашања, односно да биде прераспореден на амбасадорско место.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема