Утрински Весник
Македонија

Приведена скопјанка за издржување на затворска казна

Приведена скопјанка за издржување на затворска казна

Синоќа во 22.10 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода Ш.М.(27) од Скопје.

Таа била барана за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело тешка кражба.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра” – национална кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство